January 17, 2022, 5:49 pm

Сретен Стојковски именуван за нов в. д. директор на Државниот Инспекторат за животна средина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот в. д. директор на Државниот Инспекторат за животна средина е Сретен Стојковски, со Решение на Владата на Република Македонија за именување вршител на должноста директор на Државниот Инспекторат за животна средина бр.14-8832/1 од 4 август 2021 година, објави денеска на фејсбук профилот Државен инспекторат за животна средина.
Објавата е поместена во „Сл.Весник на РСМ” бр.190/2021 од 11 август.
-Стојковски е роден 1967 во Куманово вработен во МЖСПП, советник во Секторот за ЕУ, со овластување работи во Секторот за локална самоуправа и управно надзорни работи. Тој е дипломиран инженер технолог, магистер по технички науки од областа Инженерство на животната средина, Технолошко-Металуршки Факултет при УКИМ, Скопје, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This