СТОЈАН АНДОВ БИЛ БЕТЕР ОД БОЖИДАР ДИМИТРОВ: Андов вели Цар Самуил бил Бугарин, Божидар Димитров слави, Блаже Ристевски го кријат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарските историчари слават победа, по слугувањето на македонските политичари кон Зоран Заев. Стојан Андов деновиве на возраст од 82 години во својата најнова колумна за Фокус објави ставови кои се идентични со оние на бугарскиот историчар и политичар Божидар Димитров.

Андов во својата колумна, скандалозно вели дека царот Самоил е цар на Бугарите.

 

-Нашата историографија досега дала голем придонес во докажувањето дека македонскиот народ постои и заслужува да има своја државата. Но, ако сакаме тие аргументи да бидат прифатени и од соседите и од светот, потребно е да не се служиме со своевидни фалсификати бидејќи во историјата постојат документи и тие во науката мора да бидат почитувани. А тоа значи, што се однесува до цар Самуил, тој навистина бил цар на Бугарите, а во негово време во бугарската држава спаѓала територијата на Македонија, пишува Андов.

Историчарот Блаже Ристовски кој во 2013-та година беше против договорот за добрососедство со Бугарија, сега молчи.

-Ништо не е спорно само што и тие бараат да не сме Македонци, да сме во минатото Бугари, да прифатиме дека имаме бугарски корен и дека сме се родиле денеска како нова творба, а тоа нема никаков корен. Заедничко ние имаме со сите соседи и со сите народи ние имаме заедничко и со Бугарија и со Грција, Србија и Албанија ние сме живееле на овие простори и тоа најдолго, прифаќањето на славењето на празникот Илинден заедно со Бугарите како што го поддржа Бучковски е непознавање на работите, јас како човек што целиот свој живот го посветив на проучување на развитокот на македонската историја и на македонската национална мисла пред се мислам дека тоа не е разумниот одоговор, истакна тогаш историчарот Блажо Ристовски.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This