March 28, 2024, 11:48 pm

Стојанов: Лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата во наредните 4 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на општина Неготино и јас како градоначалник, меѓу другото се обврзуваме дека лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата “Гарантирам” во наредните 4 години. Лицата со попреченост ќе го добијат својот пристап кон човекови права, истите нема да се дискриминирани во Неготино, ќе бидат создадени услови за нивно непречено функционирање и различностите конечно ќе бидат еднакви!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на неготино д-р Горан Стојанов.

-Почитувани сограѓани, почитувани жители на општина Неготино,

Дозволете ми ова мое обраќање до Вас да го посветам на денешниот ден – “меѓународен ден на лицата со попреченост”.

Го одбележувам овој ден, со апел најпрво до сите нас, жителите на општина Неготино, дека попреченоста не е невообичаена и е дел од човековата разновидност, дека овој ден се одбележува денес, а низ целата година го живееме она за што на денешниот ден се потсетуваме.

Советот на општина Неготино и јас како градоначалник, меѓу другото се обврзуваме дека лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата “Гарантирам” во наредните 4 години. Лицата со попреченост ќе го добијат својот пристап кон човекови права, истите нема да се дискриминирани во Неготино, ќе бидат создадени услови за нивно непречено функционирање и различностите конечно ќе бидат еднакви!

Соработката на лицата со попреченост со општината, советот и мене, ќе бидат долготрајни, со цел континуиран мониторинг на состојбата и рамноправни можности!

Да ги почитуваме и прифаќаме разликите, како дел од човековата различност во општеството!, пишува Стојанов во својата објава.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This