April 19, 2024, 12:11 pm

Тeлoтo нa Инстаграм инфлуeнcepкa пpoнajдeнo гoлo пoкpaj пaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телото на Инстаграм инфлуенсерката Алексис Шарки беше пронајдено покрај патот, откако таа исчезна во саботата. Девојката е пронајдена гола и мртва.

Според американските медиуми, 26-годишната Шарки исчезнала во саботата, кога пријателите пријавиле дека не се појавила на закажаниот собир. Семејството било загрижено кога таа не реагирала ниту по 12 часот, ниту пак објавила нешто на социјалните мрежи. Никој не ја ни отворил вратата од станот во кој живеела со нејзиниот 49-годишен сопруг, пренесува „TeenStar“.

Еден ден подоцна, семејството било известено од надлежните служби дека неподвижното тело на девојката било пронајдено покрај патот. Ја пронашле работници.

Иако се чекаат наоди за обдукција, засега нема индиции дека смртта се случила насилно.

Мајката на починатата инфлуенсерка, Стејси Робинолт, и се заблагодари на јавноста за поддршката и побара приватност, додека сопругот на несреќната девојка, Том Шарки, на мрежите напиша дека тој сега е изгубен.

И покрај тоа, нејзините пријатели тврдат дека таа им открила дека поднела барање за развод, иако еден пријател признава дека била многу повлечена и дека не зборувала често за тоа што се случува дома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This