January 17, 2022, 4:54 am

Талибанците koнтра Бајден: Не е побарано продолжување на рокот за евakyација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека тешката и болна евакуација на Американците и десетици илјади други луѓе од Кабул се забрзува и најави можност за продолжување на рокот за напуштање на Авганистан, кој беше постигнат со талибанците, по 31 август.

Бајден ја бранеше својата одлука за прекин на конфликтот и инсистираше на тоа дека излегувањето на сите Американци од Авганистан ќе биде тешко дури и во најдобри можни околности.

Талибанците негираат дека добиле било какво барање за продолжување на рокот за напуштање на земјата

„Странските сили во Авганистан не побараа да се продолжи рокот кој го одредија за напуштање на земјата, односно 31 август“, изјави денеска талибански претставник.

Критичарите го обвинуваат Бајден за сериозен пропуст во неговото образложение, бидејќи чекал премногу долго за да нареди почеток на евакуацијата, што стана сериозно комплицирано по неочекувано брзиот пад на владата во Кабул, пренесува АП.

„Евакуацијата на илјадници луѓе од Кабул е тешка и болна, без оглед кога започна. Ќе беше исто ако започневме со евакуација пред еден месец, бидејќи не постои начин да се извлечат толку многу луѓе од Авганистан без страдањата и загубите што ги гледаме на ТВ“, рече Бајден и потврди дека во тек се разговори за потенцијално продолжување на евакуацијата и по истекот на рокот, 31 август.

Сепак, тој изрази надеж дека рокот нема да мора да се продолжи, но исто така најави можност за консултации со талибанците за тоа прашање.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This