Таравари: 20 години Албанците во оваа земја пaтат од ДУИ, нашата цел е да ја смениме ова kpиминална власт, а кукла премиер не ни треба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, вечерва во „Тема на денот“ во Сител телевизија, истакна дека 20 години Албанците во оваа земја патат од ДУИ, која е несменета власт, а целта на партијата е да ја смени оваа криминална власт, а за нов премиер од СДСМ Таравари рече дека кукла премиер не и треба на оваа држава.

-Ние имаме цел, ние се договориле следните четири години да ја биеме битката, дали ќе бидеме опозиција или власт без разлика целта е да ја смениме криминалната власт во земјава, 20 години Албанците во земјава патат од ДУИ, од не сменета власт и во бившиот режим и во сегашниот хибриден режим, вели Таравари.

– И ние сме за евроинтеграции на државата вели тој, изгласавме промена на Устав заради НАТО, тоа е стратешка цел и повторно сите закони кои биле за тоа нашата партија ги гласала, а без Алтернатива оваа влада немаше да опстои ниту еден месец, а и ваква ситуацијата со оваа влада не е одржлива, појасни тој.

-Нам не ни требаат кукли водачи и кукли премиери, има две причини зошто оваа влада не може да опстојува долг период, првата е нестабилноста во СДСМ, а второ повеќе коалициски партнери кои имаат по 10, 15 пратеници, со кои комуницирам и знам дека повеќе од нив се незадоволни и имаат огромни ветувања од СДСМ за одредени функции во Владата за кои за новиот премиер ќе бидат невозможна мисија за да ги исполни на сите желбите, а ДУИ знае да потенцира во такви ситуации и ако дојде нов премиер од СДСМ тие ќе постават нови услови кои ќе ја ослабуваат позицијата на СДСМ, објасни Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This