April 20, 2024, 12:43 pm

Таравари oбвини дека на пратеничка од Алијансата ѝ нуделе пари за да премине во власта, Заев демантиpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта нема 61 пратеник, тврди градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Во интервју за Сител, Таравари рече дека групата на Алијанса е компактна иако е јавна тајна дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.

Им дава сума пари за да преминат кај нив, но нашата група е компактна. Нашите пратеници знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од корумпирана влада, рече Таравари и потврди дека лично Заев ѝ нудел пари на пратеничка на Алијанса, но таа ги одбила.

На наша пратеничка ѝ нудел пари лично тој, но таа веднаш ги одбила, не сакала ниту да зборува со него за тоа. Ѝ се јавувале и другари на премиерот и други луѓе, но одбила, рече Таравари без да открие за колкава сума пари се работи.

Тој рече дека случајот не е пријавен, затоа што во државата никој не верува во системот.

Во ненормална држава вакв работи се сттандардни, рече Таравари, зборувајќи за исчезнувањето на Кастриот Реџепи.

Знаете само кој беше спокоен, премиерот, министерот за внатрешни и ДУИ. Зашто ете така, нормално е еден ден еден пратеник да исчезне. Ова е циркуз држава, рече Таравари.

За оваа влада криминалните афери се знаат и без да постојат прислушкувани разговори. Не ви требаат разговори, тоа се гледа на сите страни. Не се знае каде однесе Боки 13 милион и пол евра. Во Мавровка се радеше објект, не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци се бараше кој треба да го урне тој објект за на крај Али Ахмети да отиде таму и да испие кафе.

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантираше изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, соопшти Владата.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во владиното соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This