March 28, 2024, 12:48 pm

Таравари: И да влезе Алтернатива во Влада, тоа нема да биде одржливо, 2022-ра ќе има избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На новинарско прашање за очекувањата од денешната најавена средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари одговори дека ќе ја почитуваат одлуката на Алтернатива, каква и да е, но дека не гледа перспектива во таквиот владин состав, пишува гостиварпрес.

„Ние со господинот Гаши и Алтернатива пред година и пол излеговме заедно на парламентарни избори, нашите политики беа антиДУИ и добивме 62 илјади гласови, кои гласаа против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за 4 години, меѓутоа тоа е договор, не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука, каква и да биде. И да влегуваат во Влада, таквата Влада нема да биде одржлива, пред се‘ поради нестабилноста која постои во СДСМ, поради разните фракции, но и неисполнетите услови кон коалициските партнери, кои се бројни. Моја прогноза е дека 2022-ра година ќе биде изборна. “, изјави тој.

Гостиварскиот градоначалник, изрази скептицизам дека земјава ќе добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ во декември и најави дека неговата партија напролет ќе одржи Конгрес на кој ќе се утврди реорганизација и ребрендирање. „Јас би сакал Македонија на 14 декември да добие датум, но се повеќе излегуваат нашите прогнози и информации што ни стигнуваат од Брисел дека датум ќе добиеме во 2023-та година. Ние како Алијанса ќе продолжиме да бидеме опозиција. Следната година напролет имаме Конгрес, ќе се реорганизираме и најверојатно ќе се ребрендираме во подговотка за нови избори“, рече Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This