Тони Михајловски: На Куманово 30 години само му е земано и ништо не му е дадено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Куманово 30 години само му е земано и ништо не му е дадено, вели кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски за „Студио 10“ на ТВ24 кој додава дека целта му е Куманово да стане град со нови градинки, убави школи, нови улици, булевари, фонтани, паркови.

Михајловски за својата програма истакна дека програма не се прави од канцеларија и затоа секој ден е помеѓу граѓаните, посетува населени места во Куманово каде во директен контакт собира идеи од граѓаните кои навистина им требаат и ќе влезат во неговата програма за Куманово.

– Во моментов составувам тим на луѓе кои го сакаат Куманово и кои се докажани и знаат како општината да се крене на здрави нозе и мислам дека треба да се почне од почеток. Куманово треба да се гради плански. Овие 30 години наназад, сите градоначалници го продлабочувале поразот на Куманово и исполнувале само 5 до 10% од програмите, рече Михајловски.

Тој посочи дека сега Куманово е преполно со диви депонии и прво мора да се исчисти ѓубрето, а воедно мора да се реши сообраќајниот хаос кој е од невидени размери, какои да се решат сите секојдневни проблеми.

– Куманово нема чиста вода, пие од азбестни цевки, нема парк бидејќи тие два кои сега ги има се руинирани тотално. Во Куманово нема ГУП веќе 20 години и се што е градено е градено без план и тоа е страшна работа. Има места каде пожарна не може да влезе, нема нови школи, тие кои ги има се распаднати, пионерскиот дом е распаднат, Домот на култура се распаѓа. Има албанско школо кое нема школски двор и се наоѓа на булевар, нема албански театар, истакна Михајловски.

Михајловски нагласи дека титулата татко на градот е тоа што ќе остане она кое што си го дал за градот и граѓаните, титула за која вреди да се потруди човек но таа се заслужува ако на градот му го дадеш тоа што си му го ветил и неговата награда за сработеното ќе биде втор мандат во Куманово на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This