January 17, 2022, 2:07 am

Топи: „Беса Транс работеше без лиценца под ‘чадорот“ на ДУИ – камен што треба да се отркала во бездната!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Артан Груби кажа дека секој камен ќе биде ќе биде превртуван се додека не се најде виновникот на трагедијата, во која умреа 45 патници, враќајќи се од Истанбул во Скопје! Потпретседателот на Владата на Македонија, овој, бре, прв, најголемиот во државата, оној што сиот живот скитал низ улиците, предводејќи ги ‘Шверцерите’; со највалкан можен речник додека се искачувал во својата кариера, самиот викајќи УЧК – УЧК, ваквиов Артан Груби, кој се катапултираше од политичкото подземје право во највисоката хиерархија на ДУИ, тој најде да зборува на една косовска телевизија за случајот со Беса Транс!“ – вели Илир. Р. Топи во својата колумна со наслов „Герданот на националните трагедии“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“.

Топи пишува: „Артан Груби рече дека ќе се формира итно комисија за да се најде одговорниот за оваа трагедија. Јавно се знае дека на Балканот, а посебно во Македонија, комисиите се формираат за да ја замаглат ситуацијата и со цел да се фрли вината врз непостојниот субјект! А за вакви магли, за вакви небулози Артан Груби е експерт, бидејќи самиот ги создава и ги шири! Има ли тука морална одговорност за неморалниот Артан Груби?“

„Беса Турс е компанија формирана од структурите на партијата, кои ја загадија, оваа агенција цути на територијата, што е тврдина на ДУИ, на која и се плаќаат сите даноци како арач! Обидувајќи се да го замагли и овој факт, Артан Груби, кој за свое задоволство создал фиктивна позиција прв потпретседател на Владата, овој продавач на магла го пронашол виновникот во трите држави Македонија – Бугарија -Турција, чии органи можеби ги корумпирала Беса Транс, која ги минала границите без лиценца!“

„Беса Турс имала четири кривични пријави во 2021 година и се спасила без ништо да и се случи! Каде е овде судството? Како било можно да работи без лиценца? Кој и понудил ‘владина гаранција’, или под чадорот на која партија се наоѓала оваа агенција, така што ниту надлежните државни органи на Македонија не можеле ништо да сторат, ниту да ја спречат да учествува во сообраќајот без лиценца!“

„Конечно, Артан Груби во својот стил на подземната мафија кажува дека ќе биде превртуван секој камен се додека не се најде виновникот за трагедијата во Бугарија! А може ли да каже под кој камен се наоѓа виновникот? Кој камен да го превртуваме? Единствениот камен што треба да биде отркалан во пропаст, во бездната, е токму Демократската унија за интеграција, која му го извезе на албанскиот народ во Македонија герданот со најтешките трагедии!“ – истакнува Илир. Р. Топи на крајот од својата колумна.

Извор Expres.mk

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This