Уaпceн скопјанец поради говор на омpaзa во врска со тpaгичнaта автобуска нecpeќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (26.11.2021) од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по извршени оперативни проверки и активности, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје извршен е информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.

Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This