March 29, 2024, 12:20 am

Утре и задутре без струја пола Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Аеродром, Центар, Студеничани, Зелениково, Бутел и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 11:30 до 14:30 часот без напојување со електична енергија корисниците од дел ул.14 и ул.16 во село Сопиште, во Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на дел од ул. 1613 зградите со бр. 22, 24, 26 и 28, во Општина Аеродром.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од с. Држилово, с. Говрлево, Ловиште Јасен, Сателитски центар Нова Брезница, с. Елово, Црн врв, Осинчани, Патишка река, Каменоломи накај Говрелево, Маркова Сушица, Сопиште, Соње, Чифлик, Ракотинци, Добри Дол, с. Јаболци, и сите стопански и нестопански објекти кои се наоѓаат во наведените реони, во Општина Сопиште.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел ул. „Наум Охридски“, во Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул.1 во село Сопиште, во Општина Сопиште.

Во периодот од 10:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Сопиште ул.24, во Општина Сопиште.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од населба Бутел , ул. „Бутелска“, крак 3, 5 и 7, во Општина Бутел.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Зелениково (во близина на Млекара Зелениково), во Општина Зелениково.

Додека, пак, во петок во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел ул.„Владимир Полежиновски“, дел од ул. „Ф. Рузвелт“ и дел од ул. „Дрезденска“, во Општина Центар.

Во периодот од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од нас. Орешани на излезот кон Зелениково, во Општина Зелениково.

Во периодот од 11:00 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. „Ѓорѓи Димитров“, „14 Декември“ бр.1 и 3, „Франк Харткорт Манинг“ и ОУ „Круме Кепески“, во Општина Кисела Вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This