Уште два нови проекти во Аеродром: Ќе се гради градинка наместо ресторан и ќе се уреди парковско зеленило каде што требаше да никнат згради

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе две важни одлуки – за изградба на нова градинка на местото од кафаната во склоп на ОУ „Блаже Конески“ и за бришење на две маркици за градење на станбени згради, на чие место сега е предвидено парковско зеленило.
Со оваа одлука, проблемот на граѓаните кој го имаа со места во градинките конечно ќе биде решен, а продолжува и заложбата за зачувување на зелените површини во урбаното јадро на општината.
„Денеска на моја иницијатива, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за изградба на нова детска градинка на местото на кафаната во училишниот двор на ОУ „Блаже Конески“, нешто кое ги адресира долгогодишниот револт и незадоволство кај мичуринци. Повеќегодишниот проблем со места во градинките конечно се решава и граѓаните можат да бидат спокојни. Исто така на денешната седница советот донесе одлука за укинување на две градежни маркици на потегот помеѓу Перла Бјанка и Маркет ЗУР, каде од сега наместо колективни згради е предвидено парковско зеленило. Со овие одлуки Општина Аеродром јасно става на знаење дека потребите и мислењето на граѓаните се и наш приоритет и дека со нас како локална власт имаат партнер во решавање на сите проблеми со кои се соочуваат, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Оваа одлука на советот е втора во низата на одлуки со кои се поништуваат градежни маркици кои се против волјата на граѓаните. Како Општина Аеродром, се обврзуваме пред граѓаните дека и во иднина ќе следат проекти кои се од општ и јавен интерес, со цел Аеродром да биде општина на која сите ќе бидат горди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This