Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка од функцијата. Претходно оставка поднесоа и претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски како и нејзиниот член, Горан Миленков.
Тие се повлекоа од функциите откако беше објавен ревизорскиот извештај во кој се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Јавното обвинителство отвори истрага за наводите на ревизорите.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го поздрави таквиот чекор на антикорупционерите и порача дека е добро што дошло време да се поднесуваат оставки од морални причини.