Фејсбук 6лokиpaшe aвcтpaлиcки влaдини пpoфили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан.

Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили.

Фејсбук денеска почна со блокирање на објавување вести од австралиски страници за вести, а исто така не им дозволува на австралиските корисници да споделуваат или прегледуваат содржини на австралиски и меѓународни медиуми.

Технолошкиот гигант соопшти дека ја донел одлуката како одговор на новиот дигитален кодекс што се очекува да го донесе американскиот Сенат. Кодексот ги принудува Гугл и Фејсбук да склучуваат договори со медиумите и да плаќаат за содржините.

Додека забраната за Фејсбук требаше да биде насочена само кон медиумите, десетици профили на владини агенции, синдикати, организации и политичари исто така беа блокирани неколку часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This