Форбс ја тргна од листата: Ангела Mеркел повеќе не е најмоќната жена на светот, еве кој е сега на врвот на листата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филантропот и поранешна сопруга на основачот на Амазон Џеф Безос, Мекензи Скот се најде на врвот на листата на Форбс на 100 најмоќни жени во светот, со што ја замени поранешната канцеларка Ангела Меркел, која ја освои титулата на 15 од претходните 17. рангирање на американскиот магазин.

Меркел не само што повеќе не е на врвот, туку не е ниту на најновата листа објавена на 7 декември.

Главната причина поради која Скот, како трета најбогата жена во светот со богатство од 59,4 милијарди долари, заврши на врвот на оваа листа е нејзината огромна филантропска работа, се вели во образложението на одлуката на Форбс.

Имено, Скот даде 8,6 милијарди долари од своето богатство во добротворни цели, од кои 2,7 милијарди долари само оваа година, пренесува Танјуг.

Во декември минатата година, таа донираше над 4,1 милијарди долари поради пандемијата на Ковид-19.

На второто место на листата се најде американскиот потпретседател Камала Харис, со што стана најдобро рангирана политичарка во историјата на САД, а третото место и припадна на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

На списокот се и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен (8), претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (15), директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева (22), кралицата Елизабета Втора (70). и Ријана (68), Бијонсе (76) и Серена Вилијамс (85)

Моќните жени на листата за 2021 година контролираат или влијаат на приходите вредни 3.300 милијарди долари и надгледуваат 6,7 милиони вработени.

На овогодинешната ранг листа се и 14 жени милијардерки со богатство од 167 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This