January 19, 2022, 11:38 pm

(Фото) „Кога сцена од филм ќе стане реалност“ – Ана Стојанова кажа ДА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кога сцена од филм ќе стане реалност… Кирил е сѐ што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!“, вели фитнес тренерот Ана Стојанова за својот сакан по запросувањето.

Ана Стојанова, една од најпознатите фитнес тренери кај нас, на 21-ви ноември беше запросена на уникатен начин од својот сакан Кирил, а денес (28.11) сподели фотографии од чинот на својот Инстаграм профил.

Во униформи и со пиштоли на себе, тие снимале видео наменето за армијата на Ана, односно на девојките кои се дел од нејзините програми за слабеење и обликување на телото, а токму на снимањето Кирил ја изненадил со предлогот за брак.

Ана сподели со своите фанови на Инстаграм како изгледал чинот:

Кога сцена од филм ќе стане реалност.

Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ, ама мене оваа сцена не ми беше планирана!

Кирил е сѐ што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!!

Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.

Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.

Знае дека работата ми е сѐ на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата!

Жал ми е што сѐ уште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!

Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This