April 23, 2024, 10:33 pm

(Фото) СЕ КИТАТ СО ТУЃИ ПЕРЈА: Власта се пофали со странска инвестиција донесена од ВМРО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во индустриската зона ТИРЗ Бунарџик 1 компанијата Баумер ја отвори својата права фабрика во нашата земја. Договорот за инвестирање во Македонија со компанијата Баумер е постигнат уште во 2016-та година од страна на претходнава Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Компанијата пројавува интерес за инвестирање во Македонија како резултат на работата на економските промотори од претходната власт иако Владата на СДСМ се пофали дека станува збор за странска инвестиција донесена од актуелната власт .

 

Компанијата која инвестираше во Македонија е една од водечките во изработка на сензори и сензорски решенија за автоматизација на процеси. Таа со околу 2.700 вработени и 38 сопствени центри за развој, производствени погони и продажни канцеларии во 19 земји е семејна компанија која секогаш е близу до своите клиенти.

Според најавите на менаџерскиот тим, во првата фаза на изградба на површина од околу 19.000 метри квадратни е изградена зграда со вкупна површина од 4.000 метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство и 600 метри квадратни за развоен центар и администрација.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This