March 28, 2024, 12:21 pm

(Фото) Ова е полицаецот Александар од Велес на кого му пpecyди 23 годишна девојка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судско досие без затворски казни стои под името на полицаецот кој вчера настрада во расправија со девојка со која со години живеел во вонбрачна врска.

Имаат заеднички профил на фејсбук, но врската на долгогодишните партнери И.П. (23 години) и 40-годишниот полицаец Александар Ристовски заврши трагично во Велес вчера рано наутро, објави телевиизја Телма.

Помладата партнерка со нож ги избоде Ристовски, а обвинителството кое бараше и од судот доби 30 дена притвор за девојка, објави дека убиството се случило при вршење семејно насилство од осомничената.

Претходно, соседите за локалните медиуми изјавиле дека не чуле ништо, но претходно слушнале дека девојката е малтретирана.

Такви дела како семејно насилство или насилство не стојат во судското досие на убиениот, но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компнаија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.

Најсериозни се двете кривини дела за кои има и пресуди, но бидејќи станувало збор за условни казни, Ристовски останал полицаец во СВР Велес (за отказ треба изрекување на минимум 6 месеци затвор или апсење за време на вршење на кривично дело за кое е запретена повисока затворска казна).

Првото дело е сериозен физички напад кој обвинителството го завело како кривично дело изнуда. Ристовски при делба на имот на неговата невенчана партнерка ја напаѓал сестрата на партнерката. На јавно место ја давел сестрата и и се заканувал дека ќе и го скрши вратот. Потоа, две недели по првиот инцидент во септември 2016-та, ја нападнал жртвата и во нејзиниот дом и и се заканувал дека ќе ја запали сосе куќата.

Во пресудата за предмет К.422/17 на Основен суд Велес стои:

На ден 13.09.2016 година околу 14.00 часот, пред деловниот простор на нотар М. Х. П. кој е лоциран во В., обвинетиот Александар Ристовски од В. Со намера за друг-за својата вонбрачна партнерка П. И. од В. да прибави противправна имотна корист, се обидел со сериозна закана да го присили сведокот-оштетената П. И.1 од В. да стори нешто на штета на својот имот, на начин што, додека сестрите П. И. и П. И.1 двете од В. стоеле пред канцеларијата и разговарале околу давањето на наследничката изјава во оставинската постапка која се водела за нивниот покоен татко, пристапил обвинетиот Александар Ристовски од В. при што го стегнал сведокот-оштетената П. И.1 за задниот дел од вратот и и се заканил со зборовите:ќе ти го скршам вратот ако не и ја препишаш куќата на сестрати пред нотарот, но сведокот- оштетената П. И.1 од В. успеала да избега дома, па намерата на обвинетиот, Александар Ристовски од В. останала нереализирана.

2.На ден 27.09.2016 година околу 07.00 часот, пред куќата лоцирана во В., обвинетиот Александар Ристовски од В. со намера за друг-за вонбрачната партнерка П. И. од В. да прибави противправна имотна ко-рист, се обидел со сериозна закана да го присили сведокот-оштетената П. И.1 од В. да стори нешто на штета на својот имот, на начин што, откако стасал пред нејзината куќа почнал да тропа по вратата и прозорците од истата, се обидувал да ги скрши ролетните од прозорците со цел да влезе во куќата и при тоа на сведокот- оштетената П. И.1 од В. и упатувал сериозни закани по нејзиниот живот дека:ќе ја запали куќата заедно со нејзе и нејзиниот вујко-сведокот С. Н. од В. доколку сведокот-оштетената П. И.1 од В. не се откаже од својот наследнички дел кој по закон и припаѓал како наследник на нејзиниот татко во оставинската постапка поведена пред нотар, но сведокот-оштетената П. И.1 од В. успеала да повика полиција, па намерата останала нереализирана.

Овој судски запис покажува дека полицајците знаеле каков колега имаат во СВР Велес, но судската пресуда била блага иако за Ристовски како отежителна околност му е земено што е полицаец.

Ристовски е прогласен за виновен, и определена му е условна казна од една година затвор која ќе се изврши доколку во период од три години по правосилноста изврши ново кривично дело. Пресудата е донесена во февруари 2020-тата година, односно три и пол години по нападите врз сестрата на партнерката.

Доколку во меѓувреме бил пријавуван за напади и малтретирање како што наведуваат соседите, тогаш ќе требало да биде во затвор. Но немало никави пријави за семејно насилство против него. Изнидата за која е осуден во Велес се случила додека неговата партнерка, сега осомничена за неговото убиство, имала 18 години.

Во пресудата од 2020-та, велешкиот суд навел дека Ристовски бил неосудуван и дека не се води друга кривична постапка против него. Но судијата погрешил бидејќи Ристовски бил осуден за друго кривично дело, Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што повредил 6 малолетници.

А морал да знае бидејќи и двата предмети против Ристовски ги водел истиот судија. На судските списи стои името на судијата Шефшет Адеми.

Сообраќајната несреќа се случила во февруари 2010-тата година, а на крај полицаецот Ристовски бил прогласен за виновен, но добил истоветна пресуда како и десет години подоцна, односно една година условен затвор. А Полицаецот Ристовски несреќата ја предизвикал така што возел со недозволена брзина по тротоар на кој биле повредените малолетни пешаци.

Во пресудата за предмет К.бр.210/10 на Основен суд Велес стои:

Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека истата нема да настапи или доколку до неа дојде ќе може да ја спречи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот и телото на луѓето во истиот, на начин што возилото го управувал со брзина од 75,8 км/час, која не ја прилагодил кон својствата и состојбата на патот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре пред секоја пречка, па кога дошол на критичното место пред куќниот број 213, откако со возилото го преминал „легнатиот полицаец“, изгубил контрола на движење, па со истото поминал преку десната сообраќајна лента, излегол од коловозот и движејќи се по тротоарот удрил во оградата на објектот „Димче Мирчев“, а потоа во пешаците.

Едно од децата имало тешки телесни повреди, скршеници и потрес на мозок, додека останатите 5 имале телесни повреди со нагмеченици, удари и гребнатини.

По оваа пресуда, неколку осигурителни компании во кои биле осигурени повредените пешаци го гонеле Ристовски за да ја забрзаат исплатата на премисата која веќе била уплатена на жртвите.

За Ристовски има уште еден интересен случај, поради прекувремени часови на работа како полицаец во 2017-та година, со две тужби од МВР барал и бонус плата и исплата за прекувремено. Едната тужба ја добил во 2019-та и мВР му исплатило отштета и судски трошоци, додека втората тужба ја повлекол откако МВР му ја исплатило таканаречената 13-та бонус плата за повеќе работни часови.

Овие податоци отвораат прашање, како МВР и полицијата го толерирала осудениот полицаец за две кривични дела, но и како ист суд (велешкиот) и ист судија (Адеми) еднаш го осудил на условна казна, а во наредниот случај на извршено тешко кривично дело го водел обвинетиот Александар Ристовски како неосудуван.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This