January 17, 2022, 1:13 am

(Фото) Превојот Стража вечерва под снежна покривка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На превој Стража паѓа снег и се задржува на коловозот, порталот Порта мк.

Денес управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување дека ќе има повремени врнежи кои на места ќе бидат пообилни и поројни и проследени со ретки грмежи.

Во текот на ноќта се очекува врнежите да преминат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Поради продор на студена воздушна маса утре ќе дува засилен северен ветер, а од изутрина врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This