April 20, 2024, 12:29 am

(Фото) Хвала вам: Словенија ни испраќа 46 пожapникари и 16 противпожapни возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

„Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава. Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро, ова ѝ го напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја. Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре. Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Македонија може да смета на своите пријатели во неволја“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This