(Фото+Видео) Фиџи oчeкyвa cилeн циклoн: Oд пpвиoт нaлeт ce cкpи нaceлeниeтo, пoлициjaтa излeзe нa yлицитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Фиџи денеска е прогласена вонредна состојба поради природната катастрофа и на целото население му е наредено да се засолни. Поради потенцијално разорниот циклон кој се приближува кон островот, воведен е и полициски час.

https://twitter.com/disclosetv/status/1339518584654077953?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1339518584654077953%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-fidhi-ochekuva-silen-cziklon-od-prviot-nalet-se-skri-naselenieto-policzijata-izleze-na-uliczite%2F

Нагласувајќи ја големата опасност од оваа природна закана, премиерот на Фиџи, Франк Баинимарама, повика близу еден милион жители на земјата да се засолнат, пред 14-часовниот полициски час, кој започнува во 16 часот.

„Над 95 проценти од населението живее на потегот кој е на директен удар на циклонот“, рече Баинимарама, додавајќи дека временските прогнози предвидуваат „големи порои“ и „бранови високи до 10 метри“, пренесува Ројтерс.

Циклонот Јаса, најголемата бура, од петта категорија, се очекува да донесе ветер со удари до 250 км на час и силен дожд кога ќе стигне до копното во текот на ноќта.

Метеоролошката служба на Фиџи објави дека делови од некои острови се веќе поплавени, а некои патишта се блокирани.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат патишта блокирани од одрони, поплавени домови и паднати дрвја, наведува агенцијата.

Метеоролозите најавуваат дека Јаса по својата јачина може да ја надмине силата на циклонот „Винстон“ од 2016 година, при што загинаа повеќе од 40 жители на Фиџи, а десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This