Франција – за 4 дена се вакцинирани само 516 лица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската Влада е под притисок да ја забрза имунизацијата за коронавирусот и поради критиките, претседателот Емануел Макрон е бесен за бавната вакцинација, јавија француски медиуми.

Досега, само неколку стотици луѓе се вакцинирани во Франција, во споредба со повеќе од 200.000 во Германија и околу милион во Велика Британија.

„Она што го гледаме е владин скандал“, рече Жан Ротнер, претседател на регионалниот совет на Гранд Ест, каде има голем скок на инфекции со Ковид-19.

„Работите треба да се забрзаат“, рече тој за локалните медиуми. „На Французите им треба јасност и силни пораки од владата дека знае каде оди. Сепак, тоа не остава таков впечаток“, објасни тој.

Други локални политичари сметаат дека Франција станала за потсмев пред светот бидеќи според нив, во Франција се вакциираат за една недела „колку што Германците вакцинираат за 30 минути“.

Според француското Министерство за здравство, од 1 јануари досега вакцинирани се само 516 лица. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This