ЦЕЛА ВЛАДА НА ОТВОРАЊЕТО НА ДИНО ПАРКОТ, ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА СО РАБОТА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денес за посетители се отвора Дино паркот во склоп на скопската Зоолошка градина. Дино паркот ќе работи од 9 до 21 часот, влезот ќе биде 50 денари и ќе се влегува од посебен влез од кај Градскиот парк, односно на стариот влез на Зоолошка.

Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со синхронизирани движења, кои испуштаат звуци. Има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца. Низ паркот се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека ќе се почитуваат ковид протoколите и во паркот кој е со површина од 2.000 метри квадратни ќе може да има 300 посетители.

„Станува збор за најголем Дино парк на Балканот и најзелен Дино парк во Европа. Ова е само почеток на она што недостасуваше во нашиот град, забава за децата. Дино паркот е целосно дигатализиран”, рече Шилегов.

Проценките кои ги имаат надлежните од Зоо се дека неделно паркот ќе го посетуваат по 10.000 гости, а очекуваат и посетители од регионот.

На отворањето присуствуваше цела влада, односно премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар Мухамед Зекири, министрите Венко Филипче, Мила Царовска, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

Уредување на просторот и набавката на диносаурусите од Кина чини 350.000 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This