January 24, 2022, 12:19 pm

Шопова: Одлуката на Филипче за да ги „награди“ матичните лекари за нешто кое што досега најстручно го обавувале, е крајно дeгpaдиpaчко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Филипче како лекар, министер за здравство не знае што работеле и работат матичните лекари, па сега … дури на лето… ќе ги “наградува” за нешто кои досега најстручно го обавувале, е крајно деградорачко!, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук, доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести.

-Значи Владата не ги прифати мерките на Филипче за задолжителна вакцинација на лекарите и вработените во администрација!!!

Да појасниме, со вакцинацијата се превенира ковид болест, или се ублажува клиничката слика на ковид болест!

Пожелно е да се вакцинираат непрележаните, прележаните после одреден временски период, со оглед дека имаат природно стекнат имунитет кој штити од 6 до 9 месеци па и повеќе, со исклучоци на одредени болести каде стварањето на имунитет по прележан ковид е минимален. Затоа овие пациенти пожелно е да се вакцинираат и порано.

Препорачливо е сите пациенти кои имаат хронични болести да се вакцинираат, но и да примат трета (бустер) доза по одреден временски период!

Ако вакцинацијата е превентивна мерка, а матичните лекари се всушност примарно здравство како важна карика во здравствениот систем, логично е дека тие и досега, во својата секојдневна работа со своите пациенти, покрај преглед и третман спроведуваат и превенција .

Ако Филипче како лекар, министер за здравство не знае што работеле и работат матичните лекари, па сега … дури на лето… ќе ги “наградува” за нешто кои досега најстручно го обавувале, е крајно деградорачко!

Од друга страна да го прашам Филипче, какво мислење ќе имаат пациентите за своите матични лекари, за нивните препораки!?

И ова е катастрофална грешка на Филипче, кој очито не си го познава ниту здрав.систем, ниту својот народ!!!

И на крај да прашам:

Што со граѓанинот кој работи во приватниот сектор? Дали за него ќе одлучува Владата или работодавецот ќе се постави над Владата, поготово за прележаните кои ги поистоветуваат со невакцинираните!!!

Кој греши: Владата, Филипче или Комисијата за заразни болести?, прашува преку својата објава Шопова.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This