March 29, 2024, 10:08 am

ШПИОНСКА БИТКА ЗА УБК: Кој поддржува странски агенти за директори на Управата за безбедност и контраразузнавање?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавата на владата дека УБК ќе излезе од надлежноста на МВР и ќе се формира како посебно тело под директна контрола на Владата на Р.Македонија, започна и битката за директорското место на една од најмоќните институции во земјата – тајната полиција

Бегството на Груевски, нерасветлените убвиства, рекетарските шеми, запалените автомобили, закните кон пратеници и други функционери од опозицијата, но и демолирањето на возилата на службата се само дел од промашувањата во работењето на новата гарнитура која треба да раководи со тајната полиција.

Во нешто повеќе од 18 месеци, УБК од почитувана институција стана монета за поткусурување и потсмев во јавноста.

Дел од луѓето кои се „токмат“ да ја превземат функцијата се Сиљан Аврамовски- заменик директор на УБК, Зоран Верушевски – советник за национална безбедност на Заев, Јовче Ременски- помошник директор на УБК, Виктор Димовски – државен секретар во МНР и Ерол Муслију – заменик директор на Агенцијата за разузнавање.

Сиљан Аврамовски е добро познат на јавноста по низата на скандали и афери кои го следеа целата негова кариера. Поранешниот министер за полиција и началник на УБК и одговорен за соработката со Интерпол, наводно ја ужива довербата од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, но и од министерот Спасовски, меѓутоа отсуствува поддршката од ДУИ, поради случајот „Сопот“. Наводно, целосно ја ужива поддршката од американската амбасада, но не и од НАТО, бидејќи ставот на Алијансата бил сите посткомунистички земји да се ослободат од југословенските кадри.

Верушевски важи за лице кое својата професионална кариера ја должи на соработката со руските разузнавачки служби на почетокот на 90-те, а подоцна и како човек од доверба на западните разузнавачки служби. Верушевски беше и дел од аферата „Големото уво“ која предизвика вооружен конфликт во Македонија во текот на 2001.година.

Јовче Ременски, според информациите кои ги добивме, ја ужива поддршката во неговата матична партија, но наводно ДУИ нема да даде зелено светло поради тоа што работел на терен за придобивање на дел од албанското гласачко тело. Очекувањата се дека Ременски нема да ја добие поддршката од дипломатите. Во полициските кулоари се зборува и дека Ременски е дел од екипата која знаела за бегството на Груевски, но не пријавиле кај надлежните.

Виктор Димовски, во моментов државен секретар во МНР, инаку ја раководеше Агенцијата за разузнавање од 2007 до 2009 година. Има поддршка од Радмила Шекеринска.

Она што највеќе загрижува сепак, е ставањето на Ерол Муслиу во комбинација за директор на УБК. Според информациите, Муслиу е дел од екипата која била задолжена за поткуп на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Уставните измени. Заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање добил и поддршка од други странски разузнавачки служби за позицијата, но токму тоа е и причина за сомнежот во искреноста на неговото работење. Минатата година, луѓе вработени во агенцијата за разузнвање по препорака на Муслуиу, заедно со Мухамед Зекири од СДСМ беа на посета на гробовите на загинатите терористи од Косово во Диво Насеље, каде се сретнаа и со локалните власти. Според информациите имале и средби со безбедносните структури на Косово. Што точно се зборувало се уште е непознато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This