March 29, 2024, 10:12 am

ШТО ЗНААТ РУСИТЕ, А НЕ ЗНАЕМЕ НИЕ: Руската новинска агенција „Спутник“ објави информации за формирањето на новата Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во владеачката коалиција остануваат ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“, традиционално останува и ДУИ, а најверојатно ќе се приклучи и уште една албанска партија

gruevski_pobeda
Мандатаротза состав на новата Влада во Македонија Никола Груевски има намера утра да го објави составот на новата Влада. Како што неофицијално се дознава, владата ќе ја сочинуваат коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, најголемата албанска партија ДУИ, а ќе се приклучи и уште една албанка партија.

Груевски, чија коалиција освои највеќе гласови на вонредните парламентарни избори во Македонија, прифаќа дел од барањата за поголема финансиска самостојност во смисла на финансирање на општините со мнозинско албанско население.

Македонија повеќе од две години е во поитичка криза, а по изборите земјата се соочи со непријатна ситуација бидејќи ниту една од двете Македонски партии не освои доволен број на мандати за самостојно формирање на Влада.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, имал обиди да направи договор со албанските партии кои излегоа на изборите, но не добил согласност од најголемата ДУИ, која на Заев му замерува поради големиот број на албански гласови кои ги одвлече од електоратот на ДУИ, што предизвика Албанците да имаат помал број на мандати во Македонското Собрание.

Албанците по изборите на чело со ДУИ дадоа „понуда“ до Македонските партии дека кој сака да формира влада ќе мора да исполни некои од условите кои Албанските партии ги бараат. Нивните барања се движеа од ревизија на Охридскиот рамковен договор, до поголема финансиска автономија. Во Македонија е непишано (или пишано ако се има во предвид Мајскиот договор) правило Владата да ја составуваат партиите кои ќе добијат највеќе гласови во Македонскиот и Албанскиот политички блок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This