January 19, 2022, 9:56 am

Ѓорчев: Паднавме во стапицата на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, смета дека тешко ќе дојде до промена на бугарскиот став во врска со македонското прашање после изминативе неизвесни избори.

Според него, бугарското вето на европскиот пат на Македонија е став и на Бугарската академија на науките, на бугарската историографија, на политичката елита, независно од тоа, како што вели, дали станува збор за кнежевска Бугарија, царска Бугарија, Социјалистичка Република Бугарија, Народна Бугарија или, пак, сега на современа Бугарија.

-Тоа е нешто што е градено 140 години во бугарската држава, во бугарското општество и тоа не може да се промени сега. Договорот за пријателство и добрососедство и соработка меѓу двете држави беше само формата како да се унапредат односите, содржината остана иста . Ние можеме да соработуваме со Република Бугарија исклучиво само како држава, но мора да признаеме дека ние како народ и како јазик постоиме само од 2 август 1944 година. Тука е проблемот. Со потпишување на договорот влеговме во една вешто поставена стапица од страна на Република Бугарија, која го искористи предлогот за потоа да изврши притисок – рече Ѓорчев на Сител.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This