„Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“, телефонски закани до Боки 13 и неговиот адвокат додека давале исказ во ОЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се одвивала денес во Основното јавно обвинителство додека Бојан Јовановски го давал својот исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта, и еден бизнисмен.

Пред почетокот на сослушувањето од страна на обвинителот, како што дознава „Инфомакс“, лице од непознат за адвокатот на Јовановски, телефонски број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент. Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе требало да внимаваат на своите и животите на нивните семејства.

Случката се одвивала пред обвинителот, а за настанот е составена и белешка која е вметната во кривичната пријава.

Засега не е познат идентитетот на заканувачот.

На последното рочиште за „Рекет“, Бојан Јовановски пред судот тврдеше дека парите од рекетираните бизнисмени завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Неофицијално, „Инфомакс“ дознава дека заканата е упатена преку еден градоначалник кој истовремено е и успешен бизнисмен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This