Џамбаски: Братска и пријателска Албанија и Косово се добредојдени во Европа, но не и Македонија која е со жестоко антибугарско однесување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски уште еднаш јавно „ја нападна“ Македонија, изјавувајќи дека не е пријателски настроена кон Европската унија, ниту пак е насочена кон градење доверба, соработка и пријателство. Џамбаски, како спротивен пример ја даде Албанија, која за него е „братска, пријателска држава“, а во Европската унија би го поздравил и Косово!

„Не се точни тврдењата дека позицијата на Бугарија за Западен Балкан е нејасна и не е добро дефинирана. Кој го тврди тоа или не е добро информиран или не е добронамерен. Ставот на Бугарија за проширувањето на Европската унија беше и ќе остане следниот – проширувањето на Европската унија преку Западен Балкан мора да се случи и секоја од земјите е добредојдена. Сакаме да ѝ посакаме добредојде на Република Албанија, нашата братска, пријателска држава. Би ја поздравиле и Република Косово. Тоа се две проевропски и прозападни земји и нема сомнеж дека им е местото во ЕУ. Истото важи и за Црна Гора. Македонија и Србија пак, во никој случај не се пријателски настроени кон Европската унија. Во никој случај не се насочени кон градење доверба, соработка и пријателство. Напротив – и во двете земји има многу жестока, видлива и зацртана антибугарска линија на однесување. Не е од вчера, туку од многу одамна, но овојпат е комбинирана со антиевропска реторика против идејата за Европската унија. Целата оваа пропаганда доаѓа од еден евроазиски центар и е напишана под индиго. Дури и преку фабрики за лажни вести на социјалните мрежи“, рече Џамбаски на конференцијата „Западен Балкан“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This