дома Русија Песков: Москва нема да молчи пред агpecивните провокации на НАТО

Песков: Москва нема да молчи пред агpecивните провокации на НАТО

Агресивните акции на НАТО во близина на руската граница ја принудуваат Москва да преземе безбедносни мерки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Доколку е потребно, ќе преземеме мерки за да ја обезбедиме нашата безбедност доколку има провокативни акции на нашите противници во близина на нашите граници“, рече Песков, а пренесува руската агенција ТАС С.

„Мислам на сите сили на НАТО кои преземаат доста активни и агресивни акции во непосредна близина на нашите граници, без разлика дали се во воздух, во вода или на копно“, изјави портпаролот на Кремљ.