дома Македонија АКАДЕМИЦИТЕ ОД МАНУ СЕ СКРИЈА ВО ГЛУВЧЕШКА ДУПКА: Освен академикот Маџунков, никој...

АКАДЕМИЦИТЕ ОД МАНУ СЕ СКРИЈА ВО ГЛУВЧЕШКА ДУПКА: Освен академикот Маџунков, никој од МАНУ не се охрабри да излезе со став и во одбрана на јазикот и државноста!

Освен еден академик, академикот Митко Маџунков, досега како официјален став од МАНУ Македонската јавност немаше привилегија да го слушне мислењето на академиците по однос на т.н. албанска платформа, со која диркетно се атакува на Македонската национална историја, јазик и државност. Она за што МАНУ е формирана и постои да го заштити.


-Двојазичноста што сега лицемерно се користи за политичка борба е опасен авантуризам кој води во уништување на нашата држава и на нашиот народ. Ниту еден јазик не може да преживее во двојазичноста или мултијазичноста ако нема матична држава каде што тој јазик се чува и негува. Во Македонија живеат повеќе етнички заедници, но сите тие заедници имаат матични држави каде што се чува и развива јазикот на тие заедници. Истото важи и за Албанците. Западниот концепт на нацијата во преден план го става државјанството, во нашата средина етничкото е се уште доминантно, од тоа произлегуваат повеќето неволји со мултикултуралноста, истакна академикот.


И ова беше единствената реакција на еден академик од МАНУ.

Молкот на МАНУ е симптоматичен имајќи во предвид дека во текот на изминатите речиси три години, по доаѓањето на Таки Фити на чело на Академијата, токму оттаму произлегоа неколку обиди со кои се изврши обид да се декласираат политиките на Владата, но и да се помогне во кампањата за вршење на пуч врз државата водена од СДСМ, а поддржана од фондовите на Сорос и УСАИД.

Јавноста може да се потсети на бројчаникот кој беше поставен на официјалната страна на МАНУ на кој се прикажуваше националниот долг, но со изманипулирани бројки, а во корист на тврдењата на СДСМ дека политиките на владата биле погрешни и воделе кон грчко сценарио. Сепак, по остри критики од експертската јавност, бројчаникот беше отстранет, но од МАНУ не следеше извинување.

Нема никаква реакција ниту од катедрата за Македонски јазик, инаку најповикана да завземе став и да даде мислење во однос на барањата на официјална Тирана за воведување на двојазичност во Македонија, преку т.н. албанска платформа. Нема ниту реакција за барањата да се променат симболите на знамето, грбот и да се препее химната.

Иако се обидовме да стапиме во контакт со надлежните во Академијата, одговор оттаму не добивме.