дома Актуелно АКО ВЕРУВАШ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗБОРОТ Е ЈАСЕН: Со гласот за ВМРО-ДПМНЕ гласаш...

АКО ВЕРУВАШ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗБОРОТ Е ЈАСЕН: Со гласот за ВМРО-ДПМНЕ гласаш за нови проекти за подобар живот!

Со гласот за нас гласаш за 70 илјади нови работни места во Македонија, гласаш за зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 10,25%, гласаш и за зголемување на пензиите за најмалку 10,25%, за зголемување на социјалната помош за најмалку 50 проценти, за зголемување на минималната плата постепено до 14.000 до 2020-та година, истакна вечерва од големиот митинг во Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Гласаш за продолжување со изградбата на трите нови автопати: Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип и Кичево – Охрид и за обновување на автопатите Смоквица -Гевгелија, Куманово – Скопје, Неготино – Демир Капија, Велес – Градско, за изградба на нови автопати од Скопје до Блаце, од Гостивар до Кичево, од Требеништа до Струга. Гласаш за шест нови експресни патишта со 4 ленти, Ранковце – Крива Паланка, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Охрид – Пештани и Битола – Меџитлија и веќе започнатиот експресен пат Градско – Прилеп. Гласаш и за продолжување на градба на пругата кон Бугарија и од Битола до Грција, за набавка на нови возови во Република Македонија. Гласаш и за набавување на над 3.700 апарати, медицинска опрема од вредност од 33 милиони евра и изградба на новиот универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ и изградба на Клинички центар во Штип, изградба на болницата во Струмица.., посочи Груевски.

Тој додаде дека гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата значи глас и за рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата, како и за создавање на рурални развојни зони.

-Гласаш за 600 милиони евра субвенции за земјоделците и руралниот развој. За нови реконструкции на стари училишта и изградба на нови училишта, нови спортски сали, за нови студентски домови и реновирање на старите студентски домови. И тука во Струмица ќе се реализираат низа проекти меѓу кои: изградба на нов пливачки базен со ватерполо димензии, две повеќенаменски игралишта, две двојни тениски игралишта, 4 баскет игралишта и 1 фитнес зона. ќе реконструираме 4 училишта и ќе изградиме 3 нови спортски сали, нова специјализирана читална. Ќе отвориме 2 нови детски градинки како и дневен центар за повозрасни лица, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски додаде дека ќе се реконструираат регионалните патишта Струмица- Ново село, Струмица- Попчево- Белотино- Рич- Конче и регионалниот пат Радовиш- Струмица, како и патиштата до селата Воиславци,Сулдурци и Калуѓерица. Исто така, планирана е и реконструкција на патиштата брана Водоча- Рич, Свидовица М6- Сачево и Дабиња- Просениково.

– Ќе изградиме фекална канализација за Добрејци, Дабиле и Просениково. Ќе ја довршиме изградбата на стариот театар како и центарот за култура „Антон Панов“ кој ќе биде темелно реновиран. Ќе ја доградиме веќе започнатата општа болница во Струмица и ќе набавиме 125 медицински апарати. Ќе го изградиме магистралниот гасовод Штип- Хамзали- Струмица- Гевгелија во вкупна должина од 110 километри. Ќе обезбедиме средства за пречистителна станица за отпадни води со капацитет за 54 000 жители за што ќе се инвестираат околу 7 милиони евра и многу други проекти, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на големиот митинг кој партијата и Коалицијата го одржаа вечерва во Струмица.