дома Политика АКО Е ДОБАР ДОГОВОРОТ, ЗОШТО СЕ КРШАТ СОБРАНИСКИ ПРОЦЕДУРИ: Зошто не се...

АКО Е ДОБАР ДОГОВОРОТ, ЗОШТО СЕ КРШАТ СОБРАНИСКИ ПРОЦЕДУРИ: Зошто не се слави по улиците, зошто мораа да стават европско знаменце?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М праша зошто, ако Владата е толку сигурна дека договорот е успешен, нема славење по улиците низ Македонија.

-Зошто луѓето еуфорично не излегуваат на улиците? Зошто мораа да му стават европско знаменце и да биде по скратена постапка? Зошто мораше да се смени матичната комисија во друга комисија?, праша Мицкоски.

Вели дека за него Договорот со Грција за промена на името е капитулација.