дома Македонија АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Српскиот претседател ќе присуствува на инагурацијата на...

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Српскиот претседател ќе присуствува на инагурацијата на Пендаровски во Скопје

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.

По победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател Александар Вучиќ му упати честитка по повод изборот за претседател.

-Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.