дома Македонија АЛИ АХМЕТИ ГО ОБЕЛОДЕНИ ИМЕТО НА „КОНСЕЗУАЛНИОТ“ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ДУИ веќе...

АЛИ АХМЕТИ ГО ОБЕЛОДЕНИ ИМЕТО НА „КОНСЕЗУАЛНИОТ“ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ДУИ веќе има кандидат за претседател на државата?

Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди- изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали тој е прифатлив консензуален кандидат за претседател на државата.

Според Ахмети, најдобар кандидат засега е Денко Малески. ,,Но сепак останува за ова да разговараме со сите политички субјекти”, додава Ахмети во изјава за ТВ 21.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не мисли да се кандидира за Претседател.

-Не е скромност да кажам дека никогаш не сум размислувал да бидам претседател на државата. Ако се земе како теза, за претседател на државата во услови во кои јас влегов во политиката, треба да бидеме рационални и транспарентни. Секако дека остануваме на нашите принципиелни ставови дека на оваа земја и треба консензуален претседател – додаде Ахмети.