дома Свет АМЕРИКАНСКИ МИЛИЈАРДИ ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Милијарди долари на американските граѓани потрошени во обука...

АМЕРИКАНСКИ МИЛИЈАРДИ ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Милијарди долари на американските граѓани потрошени во обука на терористи во Сирија!

Од 2015 година, околу 60 милиони долари средства предвидени за купување на гориво за Пентагон се потрошени на обука на сириската вооружена опозиција и 1.4 милијарди долари на „непредвидени трошоци“ во Авганистан, наведуваат медиумите.

Пентагон троши дополнителни средства од буџетот за гориво на агенцијата за обука на сириката вооружена опозиција и покривање на воени трошоци во Авганиста, пишува весникот „Вашингтон пост“ повикувајќи се на сметководствената евиденција на војската.

Според податоците на медиумтие, Агенцијата од 2010 година собрала околу шест милијарди долари, наплаќајќи им на вооружените сили во земјите прекумерна цена за горивото. Од 2015 година некои 60 милиони долари од овие средста се потрошени на обука на сириската вооружена опозиција, а 1.4 милијарди долари на „непредвидени“ трошоци во Авганистан.

Додатни 450 милиони долари се потрошени на програма за издавање на рецепти на припадниците на војската, кои наводно, биле експлоатирани од измамници за осигрувуање, додава весниот.

Американското министерство за одбрана е најголем потрошувач на гориво во светот, истакнуваат медиумите и додаваат дека Министерството купув околу 100 милиони барели нафтени деривати годишно. Министерството потоа го препродава горивото во своите воени одделенија, воздухопловството, морнарицата и другите по фиксна цена која е значително повисока од цената на отворен пазар.

Во март 2017. година претседателот на САД Доналд Трамп побара 639 млијарди долари за Министерството за одбрана во фискалната 2018 година, што е за 52 милијарди повеќе од 2017.