дома Македонија АЏИЕВ ГО НАПУШТИ СЈО ПО ЕДЕН ЧАС РАСПИТ: Екс лустраторот Томе Аџиев...

АЏИЕВ ГО НАПУШТИ СЈО ПО ЕДЕН ЧАС РАСПИТ: Екс лустраторот Томе Аџиев на распит во СЈО

Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за лустрација, во моментот ги напушти просториите на СЈО, каде што беше повикан на распит за случајот „Моќник”, каде што е еден од осомничените.

Аџиев во СЈО се задржа повеќе од еден час, но не сакаше да открие за што точно разговарал со обвинителите, а од новинарите побара и да не го фотографираат и да го снимаат. Тој е осомничен за нарачена лустрација на судија од Кичево, кој откако беше лустриран беше и разрешен.

Лустрацијата според СЈО ја нарачал пратеникот Антонио Милошоски, кој исто така е еден од 13-те осомничени, заедно со неговиот татко.