дома Македонија АXMETИ: Мухамед Зекири ме молеше да го предложам како кандидат за пратеник...

АXMETИ: Мухамед Зекири ме молеше да го предложам како кандидат за пратеник на ДУИ

Во интервју за TV21 на емисијата „Клик Плус“, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, разговараше и за односите со коалициските партнери.

Запрашан за коментарите на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ахмети рече дека воопшто не сака да го коментира Зекири, бидејќи зборува невистинити работи.

– Овој Мухамед дојде во мојата канцеларија пред неколку години додека работеше во Алсат барајќи да стане пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција. Го охрабрив да го продолжи својот придонес како новинар во Алсат, рече Ахмети. Да знаев дека се налутил би го земал во предвид, додаде Ахмети.