дома КОВИД-19 (Коронавирус) Бајден со спротивна стратегија за вакцинацијата од својот претходник Tрамп

Бајден со спротивна стратегија за вакцинацијата од својот претходник Tрамп

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден има намера да ја стави достапна секоја доза на вакцина против Ковид-19 кога ќе стапи на должност, што е спротивно на стратегијата на администрацијата на Трамп.

– Тој смета дека мора да се забрза дистрибуцијата на вакцината, додека истовремено продолжува да гарантира дека Американците на кои им е најпотребна ќе ја добијат што е можно поскоро, изјави портпаролот на преодниот тим на Бајден за Си-Ен-Ен.

Портпаролот посочи дека Бајден поддржува итно давање на дозите и смета дека владата треба да престане да чува залихи за да можат што повеќе луѓе да примат вакцина во овој момент.