дома Свет Белата куќа oбвинува: Москва и Пекинг ги користат ваkцините како дипломатска алатка

Белата куќа oбвинува: Москва и Пекинг ги користат ваkцините како дипломатска алатка

Вашингтон ги критикуваше Москва и Пекинг, тврдејќи дека тие ги користат вакцините како средство за напредок на дипломатското поле.

„Видовме обиди на други земји, поточно Кина и Русија, да користат вакцини како средство за напредок во дипломатското поле. Ние го следиме ова со загриженост“, рече портпаролот на Белата куќа Џен Псаки на брифингот.
Таа тврди дека земји како Кина и Русија понекогаш ја користат помошта што им ја даваат на другите земји за да ги натераат да ги следат.

Досега вакцината на компанијата „Фајзер“ е одобрена во повеќето земји – 35, проследена со вакцината „Астразенека“ (31 земја).

Руската вакцина Спутник V е одобрена од 27 земји.

Да потсетиме, вакцината „Спутник V“ произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана прва регистрирана вакцина против коронавирус во светот. Русија има уште две регистрирани вакцини.