дома КОВИД-19 (Коронавирус) Бизарни мерки пpoтив пандемијата: Јапонија забрaни врескање при возење на ролеркостерите

Бизарни мерки пpoтив пандемијата: Јапонија забрaни врескање при возење на ролеркостерите

За да го намалат ризикот од зараза со коронавирус, Јапонците ќе забранат врескање во текот на возење од 100 километри на час на ролеркостерите.

Здружението на забавни паркови во Јапонија, на кои им припаѓаат повеќето тематски паркови во земјата, вклучувајќи го и Дизниленд издаде интересни насоки. Имено, со појавата на короната, поради мерките за заштита во февруари се затворија забавните паркови во државата, пишува Yahoo.

За да може сè да биде во најдобар ред кога повторното ќе се отворат парковите дадеени се јасни упатства. Во иднина, на пример, посетителите на парковите ќе треба да носат маски на тобоганот и да се воздржат од врескање при возење на ролеркостерите, со цел да се минимизира ризикот од инфекција. Покрај тоа, им било советувано да „врескаат во срцето“.

Видеото на двајца менаџери на јапонски забавни паркови во кои демонстрираат како „врескаат во себе“, додека се возат на ролеркостер, за да не го шират вирусот стана вирално.

„Сега нашите гости молчат додека се возат на ролеркостер“, рече портпаролот на забавниот парк Фуџикјукоко.