дома Балкан (Видео) Еваkуиран детски камп, голем пожар во близина на Атина

(Видео) Еваkуиран детски камп, голем пожар во близина на Атина

Грчките власти евакуираа еден детски летен камп, неформален камп за емигранти и бегалци, како и повеќе десетици домови поради шумски пожар.

Пожарот изби јужно од Атина, каде силните ветришта ги попречуваат пожарникарите во гаснењето на пожарот.

Големиот пожар изби денес на југоистокот на Атика, во областа на градот Лаврио, одалечен 60 километри од Атина, соопшти пожарникарската служба.

Пожарникарската служба препорача од претпазливост да се евакуираат жителите на четири населби на југот на Атика – Агрилеза, Камариза, Ајос Герасимос и Сунио.

Во согласност со таа препорака, властите ги евакуираа наведените четири населби, децата од блискиот камп Акројали и неформалниот камп за бегалци и емигранти, во сопственост на министерството за развој, пренесува АНА.

Пожарот изби во близина на борова шума во областа Понта-Зеза во Лаврио, а силните ветришта, со јачина 7 на Бофоровата скала, ги зголемуваат шансите пожарот да се прошири кон шумата Сунио, предупреди градоначалникот на Лавреотики Димитрис Лукас.

Пожарот го гасат 49 пожарникари со 19 пожарникарски возила, два авиони за гасење пожар и четири хеликоптери, пренесува Катимерини.