дома Македонија Јавна седница на Државната изборна комисија

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија најави дека во 18:15 часот ќе одржи јавна седница. Според последните информации, седницата ќе доцни и ќе се започне во 19:30 часот.

Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултатити од вчерашните парламентарни избори.

Објавувањето на резултатите од изборите се пролонгираше бидејќи имаше пад на сајтот за известување во неколку наврати, за што од ДИК информираа дека станува збор за надворешен напад.

Седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК.