дома Балкан Борисов излeгyвa oд caмoизoлaциja

Борисов излeгyвa oд caмoизoлaциja

Регионалниот здравствен инспекторат во Софија, соопшти дека е укината задолжителната самоизолација на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Борисов три дена по ред има негативен тест на коронавирус.

Тој и уште три министри од неговата влада отидоа во самоизолација, откако биле во контакт со заменик министерот на градежништво Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирусот.

Борисов во петокот замина во изолација, откако е информиран дека заменик министерот Нанков, со кој бил во контакт пред пет дена, е позитивен.