дома Македонија Борјан Јовановски вина за Саздовски најде во образованието

Борјан Јовановски вина за Саздовски најде во образованието

Додека цела Македонија жали за смртта на младиот „Комита“ Никола Саздовски – Саздо, многумина, како новинарот Борјан Јовановски, глумат дека вината не е кај МВР и во тоа што не преземале ништо кога навивачи на Комити во повеќе наврати биле тепани, следени, па и напаѓани со ножеви.

Вината не ја гледаат ни во тоа што одредени групи во нашево општество полесно посегнуваат по насилство затоа што, како што велат „Комитите“ и другарите на Саздо, се заштитени како бели мечки, токму од полицијата.

Зашто полицијата така мора. Затоа што на полицијата и се врзани рацете од некој таму погоре, од политиката. Затоа што таа политика се меша и кога се работи за живот и смрт, но селективно. Од тие причини, за тие групи не важат истите правила како за останатите.

Но не, Борјан и нему сличните не ја гледаат одговорноста таму, туку во „системот“, образованието, вредностите и разни други општи „виновници“, само и само за да ни ги замачкаат очите и од шумата да не се види дрвото, односно вистинската причина.

Еве што напиша Борјан на Фејсбук:

„Убиец во случајов е и до болка грдиот образовен систем за кој никој пет пари не дава..дека нели идентитетот го загубивме…деца губиме..иднина губиме..ј…вас идентитет“