дома Хроника Вака денеска изгледа разнесениот Мерцедес во кој се возеше Глигоров

Вака денеска изгледа разнесениот Мерцедес во кој се возеше Глигоров

Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 21 година тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР- конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрага

Целосно изрешетан и издупчен од десната страна, делумно згмечен со искршени стакла- некогаш најмодерниот модел на мерцедес 500 сел денеска е споменик на најголемата мистерија во поновата историја- атентатот на престедателот Глигоров. Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 21 година тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР- конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрага.

 

Зад него на паркингот стојат остатоците од автомобилот бомба – ситроен ами 8 кој го чекаше претседателот на улица Македонија и експлодираше во точно 9 часот и 45 минути кога претседателскиот мерцедес помина покрај него на калдрмата кај Бристол. И денес како и тогаш двата автомобили се еден до друг. Обидот за атентат на Глигоров беше кобен за неговиот возач Александар Спировски а повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Од повредите почина и Христо Христоманов кој на местото на настанот се нашол случајно а повредени беа и екс директорот на музејот на град Скопје Климе Коробар и докрторот Јован Атанасовски.