дома Социјални Мрежи ВЕДНАШ ЌЕ СЕ ЗАЛОЖАМ ДА ИМ ПОМОГНАМ: Министерката Мизрахи ги посети мајката...

ВЕДНАШ ЌЕ СЕ ЗАЛОЖАМ ДА ИМ ПОМОГНАМ: Министерката Мизрахи ги посети мајката и синот од Велес

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи ги посети мајката и синот од Велес кои живеат во ужасни услови и на кои итно им е потребна помош од државата.

-Го посетив домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложувам да помогнам со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побарам веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.
Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел, напиша Мизрахи на Фејсбук.