дома Актуелно (Видео)АВТОПАТОТ ЌЕ СЕ ВИКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Ако е донесена таква одлука од...

(Видео)АВТОПАТОТ ЌЕ СЕ ВИКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Ако е донесена таква одлука од пpeтxoднaтa влада, нeмa да се менува ќе си остане „Гоце Делчев“

Редакцијата на Инфомакс стигна до сознание дека поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, уште додека автопатот Скопје Штип бил во градба со владина одлука му дала име и одлуката излегла во службен весник, па со тоа е официјална и важечка. Името на автопатот е “Гоце Делчев”.

Новата влада денеска и свечено го отвори овој пат, но досега на ниту едно место нема поставено табла со името на новиот автопат.

Одговарајќи на новинарски праша за Инфомакс поставени од главниот и одгорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, Заев беше запрашан дали планира да го преименува автопатот Миладиновци-Свети Николе- Штип со оглед на одлуката на претходната Влада која била и објавена во службен весник истиот да се вика Гоце Делчев.

Заев накратко одговори дека ако е така, така и ќе остане, нема потреба од промена ако биле завршени процедуиретe за именување на автопатот, односно автопатот и официјално ќе се вика Гоце Делчев.