дома Актуелно (Видео)ГОЛЕМ АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ НА 2-РИ ЈУНИ:Да тргнеме во оваа битка и конечно...

(Видео)ГОЛЕМ АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ НА 2-РИ ЈУНИ:Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го најави антивладиниот протест кој по неколкумесечно најавување, лидерот на партијата Хрстијан Мицкоски го закажа за 2 јуни во 20 часот. Во најавата, стои дека власта ги враќала изборните долгови на штета на граѓаните.

– Реформите каскаат. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде“, пишува во најавата за протестот.

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ги повика сите разочарани од премиерот на протестот пред Владата.

– Ги распродаваат националните и државни интереси како да се во приватна сопственост на картелот Заеви. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, стои во најавата.